Радио Милева Кога те нема...

Нежен допир-тажен поглед… Еве Викторија Лучевска чија рака посака да ја милува: Кој ли ти гали образи? (ФОТО)

Нежен допир-тажен поглед… Еве Викторија Лучевска чија рака посака да ја милува: Кој ли ти гали образи? (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Викторија Лучевска до скоро постојано постираше статуси на својот Фејсбук профил кои постојано асоцираа на љубовно незадоволство. Арно ама, изгледа дека во последно време згодната прилепчанка „си ги нареди картите“, па љубовните жалопојки по нејзините статуси повеќе ги нема.

До душа, нема ни фотографии или било каква друга најава која би наговестила или потврдила дека на згодната Викторија во љубовта и „цветаат рози“, освен по некоја срамежливо постирана…

Токму на една од нив, Викторија во крупен план и една рака која нежно ја милува по лицето… Налик машка, средена… Мора да е типот метросексуалец… Допирот нежен, љубовен, ама што ако… Кога погледот на Лучето е тажен! Една рака нежно ја милува по лицето, ама по се изгледа тоа не е таа…

И да не беше коментарот подолу под сликата, не ќе знаевме Викторија Лучевска чија рака посака да ја гали?

Твоите нежни допири на моите бели образи… Или, кој ли ти гали образи? Можеби најдобро:  кога те нема, зар може некој да те замени?

 

 

To top