Милица Тодоровиќ доби многу комплименти за својот изглед кога неодамна позираше во костим за капење во Египет. Пејачката ослабе четири килограми, но сè уште не е целосно задоволна и признава дека се „бори“ со стомакот.
– Стомакот ми е рамен само наутро, а навечер се подувувам како и повеќето жени – вели Милица и додава дека успеала да ослабе без да гладува.
– Одам кај нутриционист веќе неколку години. Малку олабавувам и се опуштам, но брзо се враќам на таа диета. Лесно слабеам, па не си ставам многу стрес на себе.
Милица до неодамна редовно вежбаше дома и во теретана, но откако почна летната сезона на настапи нема време за физичка активност:
– Пред летната турнеја имав личен тренер и вежбав со него. Во моментов не тренирам затоа што летото е навистина напорно за мене и затоа што живеам на тркала. Само, немам време…
Фолк ѕвездата вели дека најмногу успеала да ослабе кога не работела за време на пандемијата на корона, но во меѓувреме малку се опуштила.
– Не сум премногу среќна што се здебелив бидејќи цел живот сум слаба како стап, па чудно ми е, но се чувствувам добро! Сè уште не сум ја повратила тежината што ја имав претходно, носам такви работи што ќе го прикријат вишокот. Но и во нив изгледам добро, сепак сум своја – ја завршува приказната Милица Тодоровиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Миница Тодоровиќ