Дуото ,,Некст тајм”, кое ја започна кариерата со рок музика во 2008 година, за да изминативе години се посветни на снимање на етно-поп-рок обработки на македонски изворни песни со патриотска содржина, заминува на својата прва турнеја по Австралија.
Настанот е најавен на страницата на продукцијата Република ентертејмент, која е во сопственост на нашинецот Влатко Јовески.
Според објавените информации, турнејата ќе се случува во 2023 година, а повеќе детали ќе бидат откриени дополнително.
Покрај ,,Некст тајм”, најавена е турнеја во Австралија и на Влатко Лозановски.
И тој ќе гостува во Австралија во 2023 година, а датумите и градовите се уште не се прецизирани.
Претходно, уште овој септември Лозано заминува на турнеја по САД, која пејачот исто така ја најави на својот Инстаграм профил без да прецизира детали за тоа кои датуми и во кои градови ќе настапува.
По се изгледа неодамнешниот заеднички концерт во „Античкиот театар“ се покажа како повеќе од успешна генерална проба за турнејата што во 2023-тата ги очекува и братското дуо пејачот. Очигледно време е да почне да се освојува светотна еден поинаков начин… Ако не повеќе, барем нашинците во дијаспората со поразлична музика.