Уметноста не познава граници, а имагинацијата и талентот создаваат импресивни дела. Токму таков пример е уметноста која ја создава дамата Светлана Гроздановска, која освен што ги разубавува своите клиенти во фризерско-шминкерскиот салон, од нивната пострижена коса создава портрети какви не сме виделе досега.
Во нејзиниот салон досега има направено портрети од коса на многу познати имиња како: Жељко Јоксимовиќ, Северина, Новак Ѓоковиќ… а сега на ред дојде и нашиот шоумен Игор Џамбазов.
Ликот создаден од коса го воодушеви Игор кој видеото од маестралното дело од вештите раце на Светлана го сподели на својот Инстаграм профил и напиша:
Најоригиналното нешто што сум го видел во последно време. Ти благодарам Светлана Гроздановска. Ти си доказ дека навистина сме талентирана нација. Македонијо, има надеж за тебе! – пишува Игор.
На убавите зборови и комплиметот се огласи и Светлана.
Игoр…мнoгу ми е милo штo ти се дoпaднa пoртретoт..и штo гo пoддржувaш тoa штo гo прaвaм..ти блaгoдaрaм мнoгу..среќнa сум, пишува таа.
Во продолжение погледнете ги нејзините воодушевувачки дела од коса, кои не само од Игор, туку и од многумина негови следбеници добија ласкави коменатри.
фото:инсатграм/светлана гроздановска/игор џамбазов