Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски на почетокот на минатиот месец официјално заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова.
Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска која како што велат периодов е нивниот врот дом, а формалноста се случи во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот.
Во едно телевизиско јавување Жарко изјави дека свадбата е веќе испанирана за некои подобри времиња кои сите ги чекаме да дојдат, а додека се покрај Јадранот искористија да направат една магична фотосесија.
Таа во венчаницата на мајка си, а тој во специјално изработен бел костум кој одлично го спои со контрастни детали.
Фотографиите ги објави невестата на Фејсбук и напиша:
-Ви ја носиме нашата мала бајка направена во нашиот втор дом во Истра. Морав да ја носам венчаницата на мајка ми за фотосесијата, што беше неверојатно.
Уживавме во секоја секунда, и покрај топлото време и каснувањето од комарци.
Ровињ, изгледаш прекрасно!Голема благодарност до магионичарот Рајко Боричиќ и неговата прекрасна сопруга! И благодарност до Раде Васиолев за неговата магија на костумот! Исто така благодарност и до другиот магионичар за шминката Тамара Флего, напиша убавата Анадреа во описот.
Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци, а во 2018 година дипломираше на Филилошкиот факултет во Скопје.
Жарко пак, освен тоа што примарна професија му е актерството, имаше обид и како радио и ТВ водител на забавна емисија.
Погледнете ја нивната љубовна бајка на Јадранот: