Љубовната сага за фудбалерот Пике и Шакира продолжува, а фановите на пејачката се гладни да го исмеваат неверниот Пике.
Па така, сите очи на присутните на еден НБА натпревар, на кој е направено видеото биле насочени кон Пике во тој момент, а луѓето пееле на цел глас, но сепак Пике успеал да остане „имун“ на текстот во кој пејачката алудира дека тој е прељубник.
Ова видео дефинитивно предизвикало бурни реакции на твитер, а под описот на видеото пишува: Количината на серотонин која ова видео му ја дава, аххх…“.
Имало и коментари кои гласат: „Од утре секое утро ќе го пуштам ова за добар почеток на денот“.
Količina serotonina koju mi ovaj video daje ahhhh pic.twitter.com/umkzbIErx3
— Komsinica Ljilja (@KomsinicaLjilja) February 1, 2023
Иако многумина на почетокот се посомневале дека видеото е монтажа, се докажало дека истото е реално и оригинално, а јасно се слуша и публиката која на цел глас ги пее стиховите во кои директно се прозива фудбалерот дека „заменил ролекс со касио, ферари со твинго“, како и дека „таа вреди за две, 22-годишни девојки“.
View this post on Instagram
Инаку, Шакира, како што наведуваат светските медиуми, подготвува уште една одмазда за популарниот фудбалер. Овојпат ја инспирирала пејачката Мајли Сајрус која на поранешниoт сопруг Лиам Хемсфорт на неговиот 33-годишен роденден ја објави песната „Flowers“ и му ја „подари“.
фото:Инстаграм/Твитер