Српската претставничка на Евровизија 2019, Невена Божовиќ, по настапот не ја криеше својата среќа.
Невена која со песната „Круна“ настапи деветта по ред, на јавноста и се обрати на конференција за медиуми одржана по завршетокот на првата полуфинална вечер.
-Многу сум горда што повторно ќе пеам за својата земја и сакам да дадам се најдобро во финалето. Ова многу ми значи и благодарам на поддршката, кажа Невена.
Српската претставничка во финалето на Евровизија ќе пее во втората половина, а одлучено е со ждрепка.