За Велигден, големиот празник кој ни е на праг, добиваме 4 неработни денови и шанса да одмориме, а веднаш по Велигден е и први мај.
Неработни денови ќе бидат петокот (26-ти април) пред Велигден кога е Велики петок, па потоа и понеделникот (29-ти април) како втор ден Велигден. Тоа се четири споени денови, а после еден работен ден (30 април-вторник), следува пак неработен ден, односно 1-ви мај (среда).