Радио Милева

Непознати детали од детството на Сека Алексиќ: „Некогаш немав ни за ужина“

Непознати детали од детството на Сека Алексиќ: „Некогаш немав ни за ужина“

Фолк пејачката Сека Алексиќ денес ужива во огромно богатство и може све да си дозволи, но не отсекогаш живеела во такви услои.

Сека никогаш не крие дека пораснала во сиромаштија. Таа е горда на своето минато, а токму тие тешки периоди ја направиле да биде психички посилна и подготвена да се избори со своите животни предизвици.

Алексиќ во едно интервју откри низ што поминале таа, нејзиниот брат и нејзината мајка кога поради војната побегнале од Босна и Херцеговина.


;
„Многу млада почнав да настапувам за да и помогнам на мојата мајка да се извлечеме од тешкиот период по војната. Таа и брат ми секогаш одеа со мене на настапите, а јас имав среќа што музичарите се грижеа за мене“ вели Сека и истакна дека имало периоди кога останувала без пари.

„Не ми беше срам што некогаш немав ни за ужинка, екскурзија, со тоа научив да се изборам и денес сум силна.Со години живеевме во соба од училиште. Така да не ми е непознато чувството кога немаш пари, а тоа чувство не го ни изгубив и денес кога имам многу повеќе. Бев среќна  и тогаш, а и сега, тоа не е состојба на мојот паричник, туку на мојот дух“ вели фолк ѕвездата.

За потсетување, Сека е во брак со Вељко со кого го има синот Јаков.

To top