Радио Милева состанок

Непристојна понуда: Едита Арадиновиќ добила понуда од 300 000 евра да излезе на состанок со бизнисмен?

Непристојна понуда: Едита Арадиновиќ добила понуда од 300 000 евра да излезе на состанок со бизнисмен?

Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна била непријатна изнедена кога еден бизнисмен и понудил 300 000 евра за да излезе со него на состанок, пишува блиц.рс.

„Едита пееше на една приватна прослава и тогаш зема убав бакшиш. Забавата ја организираше еден бизнисмен по повод 50ти роденден, а на прославата имаше многу милионери од разни држави. Кога заврши со својот блок, Едита седна да пие еден пијалок и да си оди дома. Тогаш и се приближи еден моќен човек и ја праша дали има пет минути. Таа му дозволи да седне, но ни на крај памет не и текна што може да ја праша. Почна да и дава комплименти, а потоа и понуди 300 000 евра за да оди со него на состанок. Таа веднаш започна да се смее бидејќи мислеше дека се шегува, но набргу сфати дека е сериозен. Таа беше шокирана бидејќи знае дека е сериозен човек и не можеше да верува дека ќе и предложи такво нешто“, вели изворот за „Стар“ и додава:

„Едита малку дрско се однесуваше кон неа, му кажа дека мора да си оди и дека не е некој кој може да се купи. Тој започна да се извинува и да се оправдува дека само сакал да ја изнесе на вечера и дека тие ќе пари ќе му ги даде затоа што таа ќе мора да ги откаже настапите за да може да излезе со него. Таа многу се изневира и му кажа да не му обрнува внимание“, вели изворот.

Инаку, неодамна Едита се најде во центарот на вниманието кога на социјалните мрежи објави фотографија на која е гола под туш.

фото: инстаграм/снежана крстиќ/рас србија

To top