Радио Милева

Непознати лица се обиделе да упаднат во станот на познатата водителка на „Пинк“

Непознати лица се обиделе да упаднат во станот на познатата водителка на „Пинк“
фото: Драган Кадиќ

Водителката на „Пинк“, Дајана Пауновиќ пред две недели доживеала драма.

Непознати лица се обиделе да влезат во станот во кој живее со нејзиниот син.

Пауновиќ по овој немил настан се уплашила за својата безбедност, како и за безбедноста на своето семејство.

фото: Дамир Дервишагиќ

„Се е пријавено во полиција, која реагираше на најбрз начин. Не сакам никого да обвинувам, последниот збор ќе го каже надлежната институција. Можам само да кажам дека сум многу мирна и дека благодарение на надлежните органи се чувствувам безбедно. Истрагата е во тек и не сакам повеќе да зборувам на таа тема“ вели Дајана.

Непознати лица со алат се обиделе да ја разбијат вратата. Оваа непријатна ситуација Дајана ја забележала кога излегла од станот и случајот го пријавила во полиција.

Останати вести од Радио Милева