Радио Милева не се експонира јавно

Непознати детали за момчето на Анастасија Ражнатовиќ: Потекнува од богато семејство и има приватен бизнис во Америка

Непознати детали за момчето на Анастасија Ражнатовиќ: Потекнува од богато семејство и има приватен бизнис во Америка

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца Ражнатовиќ е во врска со Ѓорѓе Кулиќ.

Додека за момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ се знае речиси се, за потенцијалниот зет на Ражнатовиќ малку се знае.

Ѓорѓе не сака јавно да се експонира,  а младата Анастасија ја почитува неговата одлука, па малку се знае кој е зетот на Цеца, за неговото семејство, каде пораснал, во какви услови живее…

„Кулиќ се од Нови Сад, тие се среќно семејство кое со години има приватен бизнис“ вели извор на Кулиќ.

„Се што поседуваат го стекнаа благодарение на голем труд  и семеен бизнис кој се пренесуваше од колено на колено. По цела Војводина имаа млинови. Некои ги продадоа, некои ги задржаа“ тврди соговорникот и вели дека не се збогатил преку ноќ.

Иако Кулиќ имаат семеен бизнис, Ѓорѓе сакал секогаш да учи нешто ново, па неговите родители издвоиле за да студира во странство.

„Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија која беше организирана на интернет каде што учеа и деца на принцеви и разни аристократи. Една училишна година чинеше околу 60 000 евра. Тоа јавноста не го знае, туку само знае дека студираше во Њујорк каде што има свој приватен бизнис“, вели изворот и додава дека зетот на Цеца започнал и приватен бизнис.

„Ѓорѓе е многу интелигентно момче, не е како останатите богати деца. Отсекогаш се издвојуваше од другите и сакаше да заработува, да не зависи од своите родители. Тој е момче кое буквално започна од нула, а неговата фирма денес е една од први во Америка“, вели соговорникот.

„Ѓорѓе со неколку пријатели влезе во тој проект. Прво го истражуваа пазарот и кога сфатија дека транспортот е нешто што може да им донесе профит, одлучија да го започнат тој бизнис. Започнаа со еден камион, но брзо се проширија. Денес имаат повеќе од 100 камиони кои работат со полна пареа“, вели добро известениот извор.

фото: немања николиќ/дамир дервишагиќ/инстаграм

 

To top