Радио Милева

Непознат маж упаднал во куќата на Цеца Ражнатовиќ

Непознат маж упаднал во куќата на Цеца Ражнатовиќ

Светлана Цеца Ражнатовиќ доживеала голема непријатност кога полицијата на Купар уапсила маж кој влегол во нејзината куќа.

Како што пренесува „Курир“, на пејачката и е јавено дека во нејзиниот дом на Кипар упаднал непознат маж.

Имено, О.И низ дворот влегол во вилата и немал намера да излезе. Кога дошла полицијата, мажот тврдел дека Цеца му е сопруга.

„Тој влегол во подрумот на вилата и таму останал неколку дена. Кога соседите забележале дека некој непознат маж се шета низ дворот, веднаш повикаа полиција која брзо реагираше. Мажот се противеше на полицијата која дојде да го уапси. Кога го уапсија тој велеше: „Зошто ме апсите, ова е мојата сопруга“, мислејќи на Цеца“ вели извор за курир.рс и додава:

„Оние кои имаа прилика да се сретнат со него велат дека е психички болен, дека е заљубен во  Цеца и дека се обидува на сите можни начини да дојде до неа. Ова не се случува прв пат со овој човек. Прв пат кога беше фатен на Кипар беше уапсем и депортиран за Србија, исто како и сега.Кога го депортираа првпат успеа да се врати и третпат. Секојпат вели дека Цеца е негова жена и дека живее тука“ тврди изворот.

Фолк дивата не се огласи по тој повод.

To top