Наташа Беквалац деновите во изолација ги поминува на својот имот во Ченеј, а друштво и прават нејзините ќерки и мајка.
Меѓутоа, деновиве пејачката доживеала голема непријатност кога непознат маж упаднал во куќата на пејачката.
Имено, во неделата, на 3. мај 32020 година, околу 11 часот непознат маж се појавил во домот на пејачката тврдејќи и на нејзината мајка, на која прво наишол, дека е пријател на Наташа и дека дошол да и донесе подароци.
Тој почнал да ја бара Наташа по вилата, а кога пејачката го видела веднаш побарала од него да си замине тврдејќи дека не го познава. Таа овој случај го пријавала во полиција.
Како што пишува курир.рс, непознатиот маж бил уапсен и е утврдено дека психички не е стабилен.
Тој изјавил дека ја познава Наташа, а на социјалните мрежи оставал некултурни коментари под објавите на пејачката.