Водителката Лила Филиповска која редовно ја гледавме во седумте , а наскоро и во осмата сезона на квизот „Се или нешто“ знае како да ја збуни јавноста.
Таа одамна е присутна во медуимите, што поради својата работа како водителка, што како инфлуенсерка на Инстаграм, но и поради својот приватен живот кој е интересен за нејзините следбеници.
Лила често знае на социјалните мрежи да сподели фотографии од своите активности, а кога сте јавна личност тоа е следено од медиумите.
Неодамна, во емисијата „Вечер со Тијана“ таа истакна дека повторно би прифатила брак доколку се најде некој кој ќе и понуди да и биде сопруга.
„Па, што мислиш ти Тијана, зошто не се омажив досега? Па, никој не ми понуди. Доколку некој ми понуди брак повторно би се омажила, изјави тогаш Лила.
Потоа, водителката на кратките приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија во бикини во прегратки на маж чиј идентитет не го откри. Тогаш во медиумите започнаа шпекулации дека тоа е новото момче на Лила. Но, се остана на шпекулации, а водителката не прозбори за својот приватен живот.
Лила на својот Инстаграм повторно во приказните кои се актуелни 24часа сподели фотографија како пробува свршенички прстен во познат дуќан на кој вооедно му направи и реклама.
„Само си пробувам бурми“, стои во описот на фотографијата.
Инаку, ова не е првпат како водителката споделува свршенички прстен, а дали навистина во идинина по трет пат ќе каже „да“ останува да видиме.