Радио Милева

Неочекувана изјава: Новак Ѓоковиќ има семејни проблеми

Неочекувана изјава: Новак Ѓоковиќ има семејни проблеми

Поранешниот полски тенисер Војчех Фибак ја прокоментира слабата игра на Новак Ѓоковиќ периодов.

Новак по паузата е се послаб во играта, сезоната ја почна во Катар, а по доброто издание во Мелбурн, следеа две кратки задржувања во Индијан Велс и Мајами.

Поранешниот светски број 10 и освојувач на 12АТП титулата, Фибак, верува дека ја знае причината за падот на Ноле.

-Се зависи од вашиот ментален склоп. Проблемите на Новак не се врзани само за спортот, туку се и од семејна природа. Околу него се вртеа многу мислења, како и на некои експерти, кои сите заедно успеаја да го пореметат да на некое време не може да се натпреварува на истото ниво како порано. Да се биде на врвот не е само уживање и привилегија, туку нешто кое бара многу жртва и труд, изјавува Фибак за „Polska Times“.

To top