Мегафон

Неочекувана двојка: Еве кои ќе бидат водителите на претстојниот фестивал „Охридски трубадури“

Неочекувана двојка: Еве кои ќе бидат водителите на претстојниот фестивал „Охридски трубадури“

На  25-от јубилеен  меѓународен фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември  ќе настапат преку 80 изведувачи. Фестивалот  покрај македонската телевизија  ќе го пренесуваат уште  седум  балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV

Подготовките за  фестивалот  се во завршна  фаза. Од денес (понеделник) ,на кејот  од Охридското езеро пред  хотелот ““Нова Ривиера““ почнува монтажата на големата сцена, на озвучувањето и  светлосните  ефекти.

Комплетирани се  списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп  и Интернационалната вечер. Во рамките на Поп  вечерта, додека  жиријата  гласаат, свое  шоу ќе има познатиот бизнисмен Трифун Костовски, голем љубител и подржувач на музиката. Песните од Поп  Фолк вечерта ќе се  најдат на ЦД-еа кои ќе ги  сними “Сенатор“ од Битола.

На Поп вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена  на новата млада и надежна генерација пејачи. На програмата се наоѓаат 18  песни кои ќе ги  слушнеме во извдба на    Ѓерѓи Пандо ,.Александар Здравков  ,.Сашко Андриески  Рената Блажевска ,.The G Notes,Анастасија Аврамовска ,Симеон Коруноски ,.Горан Наумовски,.Дует ЧОКИ ,Жармена.Денис Димоски ,.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС , Лени Партикова -,.Огнен Здравковски , Зои Блаж , Пепа Димовска, .Филип Јордановски  и  Лена.

Водители на Поп и Интернационалната вечер  ќе бидат  Марјана  Станојковска и Васил Зафирчев.

На минатогодишните  „Охридски трубадури“   првата награда   на стручното жири ја освои мелодијата’ ’Очи зелено сини’’( Горан Милошески )  додека  првата награда на публиката и припадна на песната  ’’Силна’’ која ја исполни Пепа.

[email protected]

www.ohridskitrubaduri.mk

(за  оние  кои  сакаат покомплетна информација )

Поп вечер – Oхридски Трубадури 2018

 

1.Ѓерѓи Пандо – За тебе

м. и т. Ѓерѓи Пандо  ар. Димче Китрозоски

2.Александар Здравков  – Малечка

м. и т. Александар Здравков  ар. Жарко Настески Точак

3.Сашко Андриески – Остани

м. и т. Сашко Андриески  ар. Драган Ристовски

  1. 4. Рената Блажевска Љубовен печат

м. и ар. Борче Шабаноски  т. ЦанеТрајцевски

5.The G Notes Кој ли ѓавол

м. Константин Карев – Глигор Гошев  т. Константин Карев  ар. Глигор Гошев –Филип Динев

6 Анастасија Аврамовска Ти си мојот херој

м. Иле Спасев  т. Иле Спасев -Анастасија Аврамовска  ар. И.Спасев  А.Сирилик

7.Симеон Коруноски Што ни остана

м. и т. Симеон Коруноски   ар. Иле Спасев

8.Горан Наумовски Црно-бел филм 

м. т. и ар. Слободан Наумов

9.Дует ЧОКИ Песната е наша судбина

м. и ар. Горан Милосески  т. Огнен Неделковски

10.Жармена – Сите мои сни

м. т. и ар. Димче Китризоски

11.Денис Димоски – Не знам

м.Филип Неделковски  т. Огнен Неделковски  ар. Рубин Димоски

12.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС – Убавина

м. Хрис Марин  т. Огнен Неделковски  ар. Владимир Дојчиновски

  1. 13. Лени Партикова Спомени

м. и ар. Горан Милосески  т. Ефтимија Јованова

14.Огнен Здравковски Разбуди ме

м. Крис Марин  т. Огнен Неделковски  ар. Владимир Дојчиновски

  1. 15. Зои Блаж Свинг

м. и т. Рики Марин  ар. Владимир Дојчиновски

  1. 16. Пепа Димовска Ти си тој

м. Крис Марин  т. Огнен Неделковски  ар.Владимир Дојчиновски

17.Филип Јордановски Без тебе

м. и ар. Владимир Дојчиновски  т. Ристо Самарџиев

  1. 18. Лена – Дојди или оди си

м. т. и ар. Владимир  Дојчиновски

To top