Отако се појави со улогата на Талат во популарниот македонски ситком „Преспав“, актерот Дритон Вејсели го познаваат речиси сите.
Преку својот комичен лик на рецепционерот од Џепчиште, Талат стана ултра популарен лик.
Па така, освен зад пултот од рецепцијата во „Преспав“, Дритон како Талат го гледаме и на телевизија и во некои реклами.
Овој пат, тој е дел од проектот и на една наша млада македонска пејачка. Станува збор за Мартија Станојковиќ која деновиве работеше на ново снимање во кантри стил, од кое според приложенито на Инстаграм, улога има и Дритон.
Качен на трактор, па позирајќи со убавата Мартија, оваа двојка наскоро ќе ја видиме во новиот музички проект на пејачката.
View this post on Instagram
За финалното дело ќе почекаме, а засега тие само ја заскокоткаа љубопитноста на јавноста преку неколку фотографии од сетот.