Радио Милева последен заеднички спомен...

Ненадејно почина познатиот српски композитор Александар Бањац: Балашевиќ и тој само пред неколку месеци заедно снимаа во студио, кога настана и оваа тажна фотографија… за жал последна за обајцата! (ФОТО)

Уште една тажна вест одекна во медиумите низ регионот. Познатиот композитор Александар Бањац (45) ненадејно почина на 45-годишна возраст во неговото студио, каде што беше и пронајден. Соработуваше со многу домашни  музички sвезди, а меѓу нив е и покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина на крајот на февруари 2021 година.

Една фотографија на Александар Бањац привлече големо внимание, бидејќи таа е последниот заеднички спомен на двајцата музичари.

Имено, Бањац кон крајот на декември минатата година сподели фотографија од своето студио со Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина по 2 месеци, а потоа никој не ни помислуваше дека всушност таа фотографија наместо само работен, ќе биде и последен спомен и тажно сеќавање на двајцата врвни музички мајстори.

Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandar_banjac

To top