Радио Милева

„Немав некој што можеше да ми помогне“: Потресна исповед на Лејди Гага дека повеќепати била силувана (видео)

„Немав некој што можеше да ми помогне“: Потресна исповед на Лејди Гага дека повеќепати била силувана (видео)

Светски познатата пејачка Лејди Гага  пред неколку години и откри на јавноста дека била жртва на силување, а во интервју кај Опера Винфри раскажа дека повеќепати доживеала сексуално злоставување кога имала 19 години.

Како што вели, тоа кај неа создало посттрауматски синдром.

„Немав некој што можеше да ми помогне, немав терапевт, немав психијатар, немав доктор кој би можел да ми помогне да поминам низ тоа. Одеднаш станав ѕвезда. Патував низ целиот свет, од хотелски соби, до гаражи, сцени… и никогаш не се соочив со тоа“, раскажала Гага.

После интервјуто, водителката отишла во бекстејџ за да се поздрави со пејачката и да ѝ се заблагодари за искреноста за време на разговорот. Средбата кај двете предизвикала солзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah) on

„Беше толку неверојатна. Беше толку добра, толку ранлива, толку реална. Не можев да поверувам дека го правиш тоа“, низ солзи и рекла Опра.

Водителката рекла дека не очекувала дека Гага ќе зборува на таа тема, но бидејќи веќе стигнале до тоа, ѝ дозволила на пејачката да се отвори и да биде храбра.

To top