Радио Милева

„Немаше што да јаде, не сакаше никој да знае“: Пријателката на Драгана Трипиќ откри детали од последните денови на новинарката

„Немаше што да јаде, не сакаше никој да знае“: Пријателката на Драгана Трипиќ откри детали од последните денови на новинарката

Српската естрадна новинарка, Драгана Трипиќ, пред неколку дена изврши самоубиство во својот стан во Маријево. Како што пренесуваат српските медиуми, Трипиќ се самоубила поради преголеми кредитни долгови и работа.

Нејзините блиски пријатели и колеги открија дека биле запознаени со  се што случува, но дека новинарската била премногу горда и не сакала да ги открие своите проблеми.

„Ја познавав Драгана околу 20 години, додека се занимававме со новинарство често патувавме заедно, мислам дека преку 30 пати сме спиеле заедно во ист кревет. Кога со некој спиете, појадувате, ручате, вечерате и поминувате 24 часа дневно, тогаш мора добро да го познавате. Беше многу вредна жена, не одбиваше никаква работа, работеше неколку работи за да ја одгледа ќерката бидејќи беше самохрана мајка. Беше многу горда жена. До последниот момент не сакаше да открие колку и е тешко, дека немаше што да јаде. Беше горда и не сакаше да се види дека нема“  вели Симонида Милојковиќ, пријателка и колешка на Трипиќ.

фото: дамир дервишагиќ

За потсетување, безживотното тело на новинарката го пронајде нејзината ќерка Сашка.

Трипиќ важеше за една од попознатите новинарки во Србија, пред неколку години беше дел од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, работеше на неколку проекти на „Пинк“, но беше и дел од реалното шоу „Двор“.

To top