Радио Милева по стапките на тато

Немања Гудељ е копија на татка си кој исто така е познат фудбалер: Ова е потенцијалниот свекор на Анастасија Ражнатовиќ (фото)

Немања Гудељ е копија на татка си кој исто така е познат фудбалер: Ова е потенцијалниот свекор на Анастасија Ражнатовиќ (фото)

Кога на почетокот на годината се појави веста дека наследничката на Цеца е во емотивна врска со Немања Гудељ, во која се уште уживаат, интересот на јавноста за неговиот живот порасна, па не е чудно што родителите на фудбалерот сега се во фокусот на јавноста.

Не е тајна дека Оливера и Небојша брилијантно ја прифатиле снаата, а се дознало и дека Немања потекнува од вистинско спортско семејство и дека и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ бил фудбалер.

Имено, Небојша кариерата ја започна во Босна, од каде дојде во Партизан, чии бои ги бранеше три години. Во текот на својата фудбалска кариера настапуваше за шпанските клубови Логронес и Леганес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Девет години помина во Холандија и одигра дури 300 натпревари за Бреда, а кариерата ја заврши во 2006 година во Спарта.

Таткото на Немања и по кариерата остана во фудбалот и моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nebojsa Gudelj (@nebogudelj5)

Братот Драгиша и сестрата Вања се исто така спортисти, а како што еднаш откри Анастасиија Ражнатовиќ, столб на семејството и понатаму е неговата сопруга Оливера, која издржа се на рамениците, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на три деца кои сама ги донела на вистинскиот пат.

фото:Instagram

To top