Радио Милева од лошо полошо

Немањето леб е страшно, а што е уште пострашно да снема, ќе ви каже Игор Џамбазов: „Дури тогаш ќе биде паника“! (ФОТО)

Немањето леб е страшно, а што е уште пострашно да снема, ќе ви каже Игор Џамбазов: „Дури тогаш ќе биде паника“! (ФОТО)

Од поголемите трговски синџири од кои што зависиме и целосно сме потчинети на индустриската моќ бидејќи, времето ни ги гази плеќите, останавме „сакати“ сами да произведеме и да си го задоволиме стомакот од нешто што македонците не се откажуваат, а тоа е лебот.

Полиците се празни, а според одговорните во маркетите никој не знае како ќе го поминат денешниот ден, а што е најинтригантно ниту утрешниот.

Веќе трет ден Македонија  „леб нема ниту за лек“ и никој не знае до кога ова ќе трае, а секако вакавата состојба се одрази и кај нашите познати личности, зашто  од лебот ниту тие не се откажале, па затоа решија самите да се фатат за… сукалото!

Социјалните мрежи  веќе се преполни со иновативни идеи за снаоѓање, за да си го задоволат апетитот и душата која бара парче тазе лепче.

Па така, на кратките Инстаграм приказни убавата македонска пејачка со руско потекло Викторија Лоба веќе го стави во употреба  подзаборавениот апарат за подготвување на топол и вкусен леб, а дополнително и врнежнивото време го разубави амбиентот во домот на пејачката.

„Здраво, мој стар пријателе“ – напиша таа на кратката приказна на која го покажа нејзиниот избор за надминување на оваа криза.

„Надвор врне, а дома мириса на тазе лепче … милина“ – нагласи пејачката со цел да ги инспирира нејзините следбеници да го направат истото.

Кризата со лебот ја погоди и контроверзната македонска фолкерка Марија Луиса Тодоровска.

Иако ја носи титулата  „кралица на бакшишот“ заради енормните суми што ги заработува на своите настапи, сепак и таа мораше да ги засука ракавите и да замеси домашно лепче.

Фотографијата е „вознемирувачка“, но ако ова продолжи вака сигурно ќе има време  да научи како да внимава на брашното. И не само таа…

Познатиот охридски радио и ТВ водител Жанко З’ш Голабоски не чека два пати да му кажат дека леб  „имат снемано и немат“ да имат“! Си ја знае човекот работата, па си ги засука ракавите, си ја наметна престилката, оклагијата в раце па самиот го развлече тестотото и…

„Меси, сине, меси“… Со култната сцена од легендарниот филм „Варљиво лето 68“ во мислите, додека во кујната, на самото место Жанко го сукаше мекото тесто.

И презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе Јовановски – Рола, знае дека не може без меко лепче, што до душа на него тоа се забележува и е со голо око видливо, па виде не виде, реши да го искористи денот за нешто опипливо и самот да научи како се меси лебот.

И тоа по проверен рецепт, од кого друг, ако не од онаа која најдборо тоа го знае и сама – госпоѓа мама! Впрочем, поубаво лепче и нема од она доманото,   па затоа таа ако инструктор од позадина му сугерира каде Спасе да го посее брашното.

Сепак македонскиот шоумен Игор Џамбазов „го поби“ размислувањето дека лебот е најважен и не е единствената работа без која Македонците не можат.

Леб ако нема е проблем но, уште поголем проблем е ако снема… „Диазепам“! Лек од групата седативи, кој според истражувањата е најбаран и најпродаван во македонските аптеки.

„Само Диезепам да не снема, е тек тогаш паника ќе биде“ – потсети Игор Џамбазов дека ова не е најлошото нешто што им се случува на Македонците. Чисто онака, колку за утеха  дека и од лошо има полошо!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба/Марија Л.Тодоровска/Игор Џамбазов

 

To top