Пејачката Шер на Твитер сподели фотографија од прстенот во кутија и ги поттикна гласините за нејзината свршувачка со 40 години помладото момче Александар Едвардс. “Немам зборови. Александар, А. Е.”, напиша таа во описот на објавата и истовремено предизвика бројни реакции кај изненадените фанови.
THERE R NO WORDS,
ALEXANDER,A.E pic.twitter.com/TZOYLGVWkv— Cher (@cher) December 25, 2022
„О, Боже. Дали те запроси?“, „Леле“, „Чекај, дијамантски прстен? Што значи ова?“, „Честитки за кралицата“, се само дел од коментарите под твитот, кој доби лајк од над 50 илјади луѓе досега, а го прегледале повеќе од осум милиони корисници на оваа социјална мрежа.
Шер претходно на Твитер ја потврди врската со помладиот музички продуцент Александар Едвардс. Таа претходно сподели фотографија од новиот партнер и напиша дека тој ја третира „како кралица“.
Фото: Принтскрин/Твитер