Радио Милева

Нема време за чекање: Огњен Врањеш по разводот веднаш си најде друга – еве за која позната Србинка станува збор (фото)

Нема време за чекање: Огњен Врањеш по разводот веднаш си најде друга – еве за која позната Србинка станува збор (фото)

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш набрзо по разводот од сопругата, наводно има нова љубов, а станува збор за српската блогерка, Зорана Јовановиќ, попозната како „Зорана“.

Според српски Телеграф, тие неодамна започнале романса, а дека Врањеш има сериозни намери е фактот што тој ја угостил Зорана во Атина.

– Зорана и Огњен се запознаа додека таа се забавуваше со неговиот репрезентативец Данило Миличевиќ. Сепак, тие неодамна започнаа да се допишуваат преку Инстаграм. Како што одминуваше времето, Огњен не можеше да го замисли денот да не ја слушне. Затоа ја покани да дојде во Атина. Зорана не се двоумеше, ги спакува работите и дојде со нејзината најдобра пријателка, чиј сопруг играше за репрезентацијата на Босна, кој играше во Грција во квалификациите за Европското првенство во Атина. Бидејќи Врањеш не беше повикан во репрезентацијата, тој беше слободен да го минува слободното време со блогерката- вели изворот на српски Телеграф и додава:


– Огњен ја одведе Зорана во скапи ресторани и дискотеки во Атина. Тој и ги покажа сите атрактивни места, и толку му се допадна, што не ја криеше таму од неговите пријатели и не му беше проблем што таа долги години била блиска со неговиот соиграч. Тој ја претстави како своја девојка, што ги изненади сите – ја завршува приказната изворот, а двојката се уште не се огласила на ваквите муабети.

To top