Радио Милева

Нема рамнодушни на хуморот на Сашко Коцев, а еве кој познат ја насмеа неговата сопруга, па го сподели дури двапати (видео)

Нема рамнодушни на хуморот на Сашко Коцев, а еве кој познат ја насмеа неговата сопруга, па го сподели дури двапати (видео)

За актерството и хуморот на Сашко Коцев се зборува често, а тоа е особено така по завршувањето на „Златна бубамара“, каде без него ништо не би било исто.

Неговите шеги се прераскажуваат, имитираат, ама теко кој може да го долови оригиналот, бидејќи тој е еден и единствен – Сашко Коцев.

„Златна бубамара“ беше сцената каде пред неколку години јавно пред публиката ја побара за сопруга својата сакана Смиљана со која сега ја имаат и малата Јоана.

фото:златнабубамара

Сашко и годинава беше маестрален на сцената, но Смиљана овој пат не ја видовме во публиката, барем не ја забележаа фото-објективите. Кога хуморот и смеата се во прашање, не се смневаме дека на Смиљана најголемата насмевка и е од Сашко и секако ќеркичката.

фото:фејсбук

Но, оној што успеа да ја изнасмее и да го сподели дури двапати на својот Фејсбук, е Новак Ѓоковиќ и неговата реакција по прашање на новинар.

Насловот на реакцијата на Ноле е „најсмешното видео кое ќе го гледате цел ден“, а очигледно на Смиљана и го украде вниманието и ја развесели.


Сепак, кога станува збор за приватноста, тие ретко објавуваат  моменти од секојдневието пред будното око на јавноста.

Поврзани теми

To top