Маја Беровиќ неодамна се породи и ги стави во мирување сите естрадни обврски, но и покрај тоа сепак важи за една од најпопуларните пејачки чии нови и стари хитови имаат милионски прегледи.
На музичката сцена се појави во 2007 година со песната „Џин и лимонада“ по која и денес е препознатлива, а иако тогаш имала само 19 години, а изгледала и мошне поинаку, пејачката никогаш не криела дека „легнала под нож“ и коригирала неколку работи на своето лице и тело.
Маја во неколку наврати нагласи дека „пет пари не дава“ на коментарите дека е „целосно изоперирарана“, како и дека „комплетно го сменила личниот опис“.
Фотографиите на Маја од почетокот на нејзината кариера редовно кружат на социјалните мрежи, а таа неодамна се отвори за нејзината трансформација, велејќи дека ги средила носот, устата и градите, како и дека ја сменила бојата на косата и ги здебелила веѓите.
Погледнете како изгледала Маја пред естатските операции на себе, по чие појавување во јавноста поединци почнаа да коментираат: „Нема грди… Има само сиромашни“!
Фото: Инстаграм принтскрин/majaberovicoffical/еспресо.рс