Радио Милева
постојано сака да е заљубена

„Нема долго да трае“ -Првиот сопруг на Џеј Ло со голема недоверба за нејзиниот брак со Афлек (фото)

„Нема долго да трае“ -Првиот сопруг на Џеј Ло со голема недоверба за нејзиниот брак со Афлек (фото)

Неодамна Џенифер Лопез изјави дека Бен Афлек, нејзиниот четврти сопруг, е човекот со кој ќе го помине остатокот од својот живот. Но, првиот сопруг не мисли така…

Првиот сопруг на Џенифер Лопез (53), Ојани Ноа (48) тврди дека латино дивата „сака да е заљубена“, но губи интерес откако страста во бракот ќе стивне, пишува Дејли Мејл. Тој верува дека бракот со Бен Афлек (49) нема да трае.

Ноа, кој ја запознал Џеј Ло додека бил бегалец од Куба и работел во ресторан во Мајами, денес живее далеку од гламурозното внимание на Холивуд и работи како личен тренер. Но, Џеј Ло му кажала и  нему дека тој е човекот со кој сака да го помине целиот живот.

– На неа и на Бен им посакувам се најдобро, но не сум сигурен дека тоа ќе потрае. Џен сака да биде заљубена, но таа беше свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Бев сопруг број еден и таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на првата брачна ноќ, таа рече дека засекогаш ќе бидеме заедно – изјави Ојани.

Тој ретко зборуваше за нивната интензивна и страсна врска. Иако се разведоа во 1998 година, тие останаа пријатели долги години после тоа. Тој цврсто верува дека сè уште би бил во брак со Џенифер дури и откако таа станала славна доколку „паразитите кои се хранат со славните“ не се испречиле.

– Многу пати се чувствував како Пепелашка. Таа беше најубавата жена што сум ја видел. Отпрвин немав поим која е таа – изјави Ојани.

– Се заљубивме кога таа веќе беше позната. Но, за време на нашиот брак таа стана мегаѕвезда. Со години беше премногу болно да се зборува. Сакав да легнам и да го живеам својот живот. Но, кога видов дека се омажи за Бен, кој е добро момче, чувствата се вратија – додаде тој.

Фото:Принтскрин/Ројтерс/Ојани Ноа1

Останати вести од Радио Милева