Радио Милева

Нема да верувате колку плаќа Адријана Лима за одмор на Свети Стефан!

Нема да верувате колку плаќа Адријана Лима за одмор на Свети Стефан!

Најплатениот светски топ-модел, Адријана Лима, резервирала неколку апартмани на Свети Стефан, каде што во Август планира да помине десет дена со своето семејство.

За нејзиниот престој таа избра најлуксузното сместување каде што најниската цена на ноќевањата во овој период од годината чини околу 1.800 евра.

Лима избра еден прекрасен апартман за себе и ќерка си, додека дадилката која ќе престојува со нив, како и членовите на обезбедувањето ќе бидат сместени во собите, а ова луксузирање ќе ја чини 20.000 евра.

За време на минатогодишната посета, Лима била воодушевена од Свети Стефан и одлучи да го повтори своето доаѓање ова лето. Таа веќе направи резервација за средината на август, кога ќе ужива со нејзините ќерки во Црна Гора. Апартманот во кој ќе биде сместена ќе има поглед кон морето, ќе има приватен базен и ќе биде опремен во традиционален модерен стил. Адријана не ги жали парите за сместувањето во Црна Гора, па така изнајмила и мала јахта со која ќе оди да ги посети и останатите места.

Минатата година Адријана Лима летуваше со Јариќ
На почетокот на јули 2017 година Адријана Лима со бившиот сопруг Марко Јариќ и ќерките Сиена и Валентина летуваа во Будва. За време на летувањето таа посетила бројни знаменитости, а по слетувањето на аеродромот во Тиват тогаш порача: “Има толку многу да се истражува. Здраво, Црна Гора”. Таа ја објави оваа порака на социјалните мрежи.

To top