Радио Милева стомакот во преден план

„Нема да дозволам модата да исчезне поради тоа што моето тело се менува“: Ријана – гола и со дијаманти на стомакот позираше за „Vogue“

„Нема да дозволам модата да исчезне поради тоа што моето тело се менува“: Ријана – гола и со дијаманти на стомакот позираше за „Vogue“

Ријана е ѕвездата на мајското издание на магазинот „Vogue“, а за нивната насловна позирала во предизвикувачки комбинезон од црвена чипка од брендот „Alaia“ и ракавици во истиот стил.

Пејачката уште еднаш докажала дека не обрнува внимание на коментарите и туѓото мислење и дека сама си ги диктира трендовите.

Рири позирала на уште низа провокативни фотографии од кои најинтригантна била онаа на која е целосно гола со црна јакна од „Saint Laurent“, додека дијамантите ѝ го красат трудничкиот стомак.

Пејачката открила дека нејзината бременост се случила непланирано:

„Не би рекла дека тоа беше планирано. Но, секако не бевме против тоа. Не знам кога имам оваулација или пак било што од тие работи. Само се забавувавме. А, потоа тестот беше позитивен. Не губевме време. Му се јавив и му покажав. А, потоа следното утро посетив гинеколог и нашето патување започна“.

Ријана исто така зборувала и за фактот што ја редефинираше трудничката мода, преминувајќи ги границите, но и предизвикувајќи бурни реакции во светот.

Таа всушност сакала да испрати порака дека ги прегрнала промените на своето тело, покажувајќи го големиот стомак од ден на ден низ низа провокативни модни изданија.

„Се надевам дека успеав да го редефинирам она што се смета за „пристојно“ за бремените жени. Во моето тело моментално се случуваат неверојатни промени и нема поради тоа да се срамам“, изјавила таа, па додала:

„Ова време треба да биде за славење. Зошто би ја криела својата бременост? Кога дознав дека сум бремена, помислив во себе: Нема шанса да купам нешто во продавница за бремени жени. Жал ми е – премногу забавно се облекуваш. Нема да дозволам тој сегмент да исчезне поради тоа што моето тело се менува“.

To top