Пејачката Андреана Чекиќ, кумата на Дарко Лазиќ, откри дека нема да биде кума на големата свадба што пејачот и неговата нова избраничка Катарина ќе ја прават во август.
– Нема, иако се ближи август, верувам дека и Дарко и Катарина имаат кумови. Сигурно дека ќе се веселам на свадбата – изјави пејачката во емисијата „Премиера“.
Дарко и Катарина се заколнаа на вечна љубов еден на друг пред неколку месеци, а во август планираат да направат голема прослава.
– Тие двајца се неразделни. Тие живеат заедно, а Дарко го користи секој слободен момент да биде со Каца и децата кои ги има од претходните љубовни приказни. За Катарина би ги тргнал ѕвездите од небо, па планира да направи голема свадба, на која ќе собере околу 700 гости – истакнува извор близок на пејачката.
– Неговата желба е да има радост и во неговиот Брестач и во Нови Сад и како што стојат работите така ќе биде. Со денови размислуваат за деталите, а најмногу работи и препуштил на Катарина која ужива во подготовките. Планирала на свадбата да смени четири венчаници, додека ќе има гости од повеќе делови на светот – додава изворот.
Инаку, Андреана Чекиќ порасна во австриската престолнина, а пред повеќе од една деценија се пресели во Белград.
Поради работата и било згодно да живее во Србија, а потоа во еден момент сфатила дека Виена повеќе и одговара.
Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес/Инстгарам/Андреана Чекиќ