Мегафон

„Некст Тајм“ закажаа промоција на новата песна и видео „Нешто ќе те питам бабо“

„Некст Тајм“ закажаа промоција на новата песна и видео „Нешто ќе те питам бабо“

Дуото „Некст тајм“ на својот Фејсбук профил најавија промоција на новиот видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“.

Промоцијата ќе се одржи во Драмскиот театар (Карпош), а е закажана на 25 март со почеток во 20 часот.

Во продолжение Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на братското дуо:

„Со гордост ви го најавуваме насето ново видео за песната “Нешто ќе те питам Бабо”.
Промоцијата е закажана за 25.03.2019 со поцеток во 20:00 Драмски Театар Скопје(Карпош). Влезот е слободен, Ве очекуваме! Веднас по промоцијата видеото ке биде објавено на официјалната страна на „Некст тајм“  на Јутјуб.
Веруваме дека ќе Ве направиме повторно горди! ОВа не го правиме за нас , ова го правиме за нашата мајка Македонија!“ – се вели во нивната покана за промоција.

To top