Имајќи го во предвид фактот дека сообраќајните незгоди се водечка причина за смрт и повреди кај младите лица, родителите со право се загрижени да нивните деца, популарно наречени тинејџери, ќе бидат добри и одговорни возачи. Иако непостои апсолутн агаранција, сепак РСБСП ќе се обиде со неколку предлози да ви помогне да придонесете вашето дете да биде безбеден и одговорен возач.
- Бидете позитивен пример од кој вашето дете треба даучи. Децата и тинејџерите најчесто и најлесно учат преку примери.
- Студија спроведена од safekids.org покажува дека најголемо влијание врз однесувањето на тинејџерите во сообраќајот имаат нивните родители. Ако тинејџерите ги видат родителите да пишуваат пораки и да возат или да возат под влијание, ќе претпостават и ќе изградат ста вдека тоа е прифатливо однесување во возењето.
За да бидете сигурни дека вашето дете -тинејџер учи за безбедни и паметни навики, како родителт ребада се поставите з адобар и позитивен пример. Еве ги основните работи што треба секогаш да ги имате во предвид:
– Секогаш ставај те појас – безразликаколкудалекувозите
– Почитувајте ги правилата за ограничување н абрзината
– Почитувајте ги сите сообраќајни знаци
– Никогаш не возете под дејство на алкохол
– Некористете мобилен телефон додека возите и др.
- Поставете лични стандарди и принципи на однесување во сообраќајот и секојдневно почитувајтеги:
– Бидете трпеливи и толерантни во сообраќајот
– Почитувајте ги пешаците и велосипедистите
– Бидете внимателни каде паркирате
– Правете почести паузи за одмор кога патувате на подалечна дестинација
– Не консумирајте храна зад воланот
– Секогаш кога ќе седнете во возилото проверете го и наместете го ретровизорот