Радио Милева вечно девојченце

Некои за маска не сакаат ни да слушнат, а водителката Елена Стојановска маската не ја вади ни по дома! (ФОТО)

Некои за маска не сакаат ни да слушнат, а водителката Елена Стојановска маската не ја вади ни по дома! (ФОТО)

Водителката на утринската програма на ТВ Сител – „Ја сакам Македонија“ со својот „бејбифејс“ многу често оддава таканаречен „лажен изглед“, односно изгледа многу помлада од годините што ги има, иако се разбира ниту оддалеку не е престарена. Сепак, кога ќе го погледнете нејзиниот лик, Елена личи како да е тинејџерка, иако оддамна тоа не е.

Со овие зборови луѓето, па и написите во медиумите често знаат да ја опишат водителката Елена Стојановска- Јанковска со која гледачите го почнуваат утрото на ТВ Сител. Веројатно заслугите за ваквиот изглед лежат во генот или поточно, најмногу  можат да и се припишат на мајката природа, зашто Елена нема никакви естетски зафати и корекции на себе, особено не на своето лице.

А кога веќе имаш таков младешки лик, а уште згора на тоа си и ТВ лице, лицето мора да се чува и да се штити.

Корона пандемијата ни наметна носење маска, па сакале или не, ем е задолжително, ем е препорачливо сите да ја носиме. Според протоколите и на отворено и во затворено… И додека едни строго се придржуваат кон тоа, други „не фермаат жива сила“, верувале или не, Елена маската не ја вади од лице и по дома. Да – добро прочитавте, водителката и кога е дома на своето лице има маска. И пред да останете изненадени со подзината уста или да скокнете од место и да кажете: „Па оваа не е нормална“, да ги образложиме работите за нештата да бидат појасни. Маска – да, ама не заштитна против Ковид 19!

Имено, водителката откри дека тајната на нејзиниот младешки изглед, меѓудругото лежи токму и во маската. Но онаа, козметичката, која ја става на лицето за нејзината кожа да изгледа „ѓоамити е на бебенце“!

„Најмногу ја сакам неделата која ми е ден за уживање и релаксација. Маската за лице содржи 2 антиоксиданси, Q10 и витамин Ц кои веднаш го ублажуваат изморениот изглед на лицето. Кожата се ревитализира, станува освежена и сјајна. За повеќе детали проверете на Фејсбук страницата на брендот“ – напиша Елена на својот инстаграм демонстрирајќи ја уметноста на одржувањето на својот младешки изглед.

И додека едни „маските на животот“ на себе ги носеа и пред пандемијата, други маски ставаа само за маскенбал на 1-ви април, повеќето од нас  денес заштитните медицински маските ги симнуваат само дома. Но, на  ТВ водителката Елена Стојановска – Јанковска маската и е најдобра другарка за „вечна младост“.

Барем во ликот, а веројатно и во духот, зашто ако лицето е огледало на душата, тогаш маската на водителката и помага да остане „вечно девојченце“, во секој поглед!

To top