Време е на новогодишна еуфорија, и сѐ е во знакот на Нова Година, па некои од познатите македонски личности јавно ги кажаа своите желби и посакувања.
Македонската пејачка Викторија Лоба е доста активна на Инстаграм, а сега на следбениците им откри што е она што најмногу го посакува.
– Сѐ што сакам за Божиќ е моето семејство да биде среќно, здраво и безбедно – стоеше во нејзината објава.
Лила Филиповска, дамата која е една од најпознатите македонски ТВ лица и секој ден можеме да ја гледаме во квизот „Се или нешто“ има повеќе желби.
Нејзината листа е малку подолга брои дури седум точки од кои шест се преточени во една иста желба: патување и само патување, а за остварување на истата најмногу и е потребна последната. Тоа е се разбира е што друго ако не пари… за патување.
Но, некои наместо желба споделија искуство од годината што изминува. Токму таква беше ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски.
Елена која стана позната по емисијата „Живот со стил“, веројатно нема неоставрени желби. Сега за сега, се’ е под контрола, а таа се радува на тоа што го има. А и работи на тоа да нема неостварени желби, а оние нешта кои ги постигнува и се многу важни.
Затоа таа пак наместо желби, ги објави лекциите кои ги научила од оваа година, а ги препозна во речениците кои ги сподели со своите следбеници на кратките приказни на нејзиниот Инстаграм профил.
Елена не ја кажа нејзината новогодишна желба, туку годината ја испраќа со искуството кое го стекна.
– Моите најголеми лекции од оваа година.
– Оставете ги луѓето какви што се,
– Прифатете ја ситуацијата
– За секоја акција не е потребна реакција
– Не е љубов она од што се плашиме, можно е повторно да се доживее старата болка – сподели таа.
Годината заминува, а желбите за новата и поуките од старата како и секогаш ќе бидат и ќе останат инспирација и мотивација за сите.
Фото: Printskrin/Intsgaram/lilafilipovska