Радио Милева зимска шема

Некои пејачки паѓаат на машки шарм, харизма, финансиска моќ… Знаете ли на што падна фолкерката Сања – „Барбика“? (ФОТО)

Некои пејачки паѓаат на машки шарм, харизма, финансиска моќ… Знаете ли на што падна фолкерката Сања – „Барбика“? (ФОТО)

За пејачките од естрадата кружат разни гласини. Особено за фолкерките и нивниот љубове и интимен живот, па додека ги гледаат при нивните настапи по кафеаните, рестораните, локалите… подзагреаните гости погодуват, се нагодуваат, па дури и облози паѓаат кој ќе погоди „на што паѓа“ пејачката… Или подобро речено, на колку?

Македонските фолкерки не се имуни на ваквите ситуации, иако рака на срце, јавно многу малку се знае за нивниот приватен живот, а уште помалку која на што паѓа?

Веројатно како и сите други жени, згодните и сексапилни естрадни убавици паѓаат на машкиот шарм, привлечност, харизма, култура, џентлменски однос, финансиска моќ… или што би рекле, не се имуни и на полниот џеб!

Арно ама, сексапилната струмичанка Сања „Барби“ Цинцева дефинитивно падна на нешто друго!

Имено, атрактивната фолкерка најпрвин замина на планина, во Банско… Да дише чист воздух, да се релаксира и да ужива во белите спортови… Барби се опреми, па се качи на скии и тргна да се пушта во спуст по падината. И не стигна ни до половина, а веќе се најде испружена на белата покривка… Барби падна на снегот, па бргу сфати дека скиањето и не е така забавно, ако не го владеш  така добро како пеењето.

Затоа пејачка реши да смени и локација и тактика, ама не и навика… Па Банско и Бугарија, бргу ги замени со Пехчево и Македонија…

Можеби пехчевско Негрево нема ски терени како Банско, ама затоа има исто толку снег, чист воздух и убава природа за прошетки по снежните планински патеки.  Барби тргна да пешачи се’ додека не се умори, па овој пат по своја волја реши да си „чучне“ на снегот!

А, Бога ми и да си легне… во добро друштво, се разбира.

Облечена во поинаков аутфит од оној за скијање, во хеланки, чизми и крзнена бунда, овде не и се закануваше опасност да падне и да се повреди…

Освен, ако случајно не налетаат ловџиите, па така променета во крзнената бунда да ја помешаат со некоја волчица или лисица… Што е исто така невозможно зашто ловната сезона на крупен дивеч  заврши!

Така што од паѓање, останува можноста Барби само да падне во нечии прегратки…

А за такво нешто, престојот на планина не е неопходен услов!

Фото: Инстаграм принтскрин

To top