Радио Милева не за кого било не напишано, туку кому му било пишано...

Некои од најголемите хитови на Цеца, требало да ги сними сосема друга позната фолк пејачка… еве и која! (ФОТО)

Некои од најголемите хитови на Цеца, требало да ги сними сосема друга позната фолк пејачка… еве и која! (ФОТО)

Пејачката Весна Змијанац откри еден многу интересен факт, кој малкумина го знаеја, а е поврзан со одредени песни на Светлана Цеца Ражнатовиќ, кои подоцна станаа некои од нејзините најголеми хитови.

Весна призна дека имало песни за кои се двоумела и не ги снимала и тие станале хитови. Некои од песните што не ги снимив се: „Оди додека си млад“, „Белград“, „Заборави“ … Сите овие песни се направени за мене, а такава  е  и „Моето срце е виолина“ .

Требаше да биде моја на албумот, но наместо неа влезе „Јорговани“. Тогаш винилен запис и не можеше на плочата да собере 13 песни, па мораше да отфрлиме една песна за да остане „Јорговани“. Апсолутно никој не беше за снимање на оваа песна, дури и Корнелија Ковач едвај го направи аранжманот. И тогаш ја исфрливме „Срцето ми е виолина“ и ја дадов на Лепа Лукиќ“ – призна Змијанац, додека од порано се знаеше дека  песната „Кукавица“ и беше понудена на Весна пред  да ја отпее самата Цеца и да стане голем хит.

 

To top