Тања Савиќ се прослави во првата сезона на регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, па беше омилена на публиката.
Таа сними неколку хитови, но набрзо се повлече од сцената и ужива со семејството. Имено, Тања е мажена со Душан со кого има две деца и живее во Виена.
Поради семејните обврски ја запостави својата музичка кариера, но полека со нови хитови на враќа на музичката сцена.
Тања често е тема во медиумите и се пишува дека се разведува од сопругот. Но, тоа само се гласини, пејачката досега ги демантираше овие информации.
Тања заедно со нејзината сестра се вклучи во „живо“ на Фејсбук, а многумина коментираа.
Некои не ни знаа дека постои односно дека Савиќ има сестра, а некои ја нарекоа нејзина двојничка. Еве како изгледа Биљана, сестрата на Тања.
фото: принтскрин