Една од некогаш најпознатите македонски манекенки и најхрабри фото модели, Цеце Орешкова, денес Георгиев славеше роденден. Иако на дамите не им се бројата годините, сепак денес веќе зрелата убавица, соруга и мајка, ја подотвори вратата на возраста, па сам кажа дека наполнила триесети некоја… и кусур!
Но за кусур никој не и земе, зашто Цеце денес приватно е целосно посветена на семејството, а своето хоби полека го преточи во друго, нешто сосема поразлично. Модната писта ја замени со хиподромот, длабоко впловена во коњичките спортови и тајните на јавањето и тоа се’ повеќе како профи џокеј кој оди на коњички натпревари добива награди.
Можеби заради студиите по ветерина или обратно, сеедно, на манекнката коњите, јавањето и џокејството и станаа повеќе од пасија…Или поточно речено, втора љубов!
А љубовта, прва или втора, која, каква и кон кого и да била, ако не е од душата излезена, од срце подарена и споделена, не е љубов. Особено ако не си искрен(а) и не се сакаш себе си.
Затоа Цеце првата роденденска честитка си ја упати токму себе си! И тоа јавно, преку социјалните мрежи, поточно на преку своите лилчни профили на Фејсбук и Инстаграм. Па кој ќе ти посака поубаво нешто, отколку ти самата на себе си!? Впрочем, ако не се сакаш и почитуваш самиот, не можеш да очекуваш да те сакаат и почитуваат и другите.
Роденденската честитка до самата себе, но благодарноста содржана во неа до една сосема друга личност, а која друга, ако не мама. Зашто, една е мајка, нели?
Со црно-бела фотографија покрај својот најверен четвороножен пријател ( не е песот, ниту креветот…) – коњот, Цеце споделила роденденски статус за сопствениот роденден пишувајќи:
„Мамо ти Благодарам што пред триесет и некоја ми ја даде шансата за живот… Си го сакам, убав ми е ваков каков што е и пак да ме родиш ќе бидам истата полна со љубов, добрина, луда и своја! И ако не е така јас не би била јас… Нека трепка, јас ќе грмам! Среќен ми роденден“ – обзнанила убавата џокеј-ка.
И додека многумина и денес кога ќе ги видат нејзините предизвикувачки разголени фотографии, не ни трепкаат, зашто Цеце ги заслепува со својот неодолив сексапил и атрактивна телесна убавина која дефинитивно… грми!
Фото: Инстаграм принтскрин/cecegeorgiev