Кога станува збор за образованието на естрадните уметници, повеќето луѓе имаат големи предрасуди, а пејачката Јелена Костов реши да открие детали од својата едукација.
Имено, поранешната учесничка на „Ѕвездие на Гранд“ може да се пофали со факултетска диплома, а доколку музиката и здодее и престане да пее, секогаш може да се врати на својата основна професија, која не е далеку од она што го работи сега.
„Среќна сум што завршив Музичка академија и што сега сум дипломиран теоретичар на уметност. Ако еден ден ми здосади да пеам, ќе можам да ги учам децата на училиште“ – изјавила Јеца за медиумите за својата евентуална алтернатива што ја има во животот како план Б.
Да потсетиме, Јелена се породи во септември минатата година и ја роди ќерката Мила, со која неодамна престојуваше на Копаоник, додека на синот Милија му го прослави шестиот роденден. Иако и недостига пеењето, Јеца признава дека ужива во најубавите денови на мајчинството, и дека не сака да пропушти ниту еден момент во растењето на своите малечки.