Пејачката Ника Антолос(29), некогашната членка на групата „Феминем“ која во 210 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија, се бори со тешка болест, а потреснитре детали ги сподели на социјалните мрежи.
Во болница и е дијагностицирана мултипла склероза, а во видео снимката која се најде на нејзиниот прифил напиша:
„Пункцијата завршена, мултипла потврдена. Првпат сум на терапија, а сега таа настапува.
Пред два месеци не ни насетувала што ја чека. Поради грижа за детето се повлече од пејачката кариера, но се посвети на пишувањето и се надева дека еден ден ќе издаде книга.
Инаку, мултипла склероза е заболување на мозокот и рбетниот мозок, најчесто е прогресивна и може да доведе до висок степен на функционална онеспособенот. Во светот е дијагностицирана кај повеќе од 2,5 милиони лиѓе. Најчесто се јавува кај млади од 20 до 4о години, но ретко може да се јави и кај деца помлади од 10 години и постари од 50. Сепак, најмногу ја зафаќа популацијата која е работно и репродуктивно во полна снага, па исклучително е важно заедницата да се вклучи во лечењето, рехабилитацијата и да помогне во секојдневниот живот. Помошта е неопходна бидејќи болеста бара целосен ангажман.