Радио Милева не е баш „лесно ко два и два“...

Некогашната пејачка на љубовни маки: Ноне образложи зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?! (ФОТО)

Некогашната пејачка на љубовни маки: Ноне образложи зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?! (ФОТО)

Некогаш нашата ултрапопуларна  пејачка  Ноне Неделковска повторно и се врати на работата со која го прошета светот. Затоа сега и ја нарекуваат најшетаната велешанка, откако последнива деценија воглавно ја мина надвор од дома, работејќи на прекуокеанските крузери.

Егзотични дестинации, окенаска шир, прекрасни плажи, големи пристаништа… Навидум Ноне живее живот како од соништа! Особено кога ќе го видите она што некогаш распеаната „џепна венера“ редовно го споделува на социјалните мрежи од местата што имала можност да ги посети.

Како на пример новите фотографии од  песочните плажи и кристално чистите води на Кајманските Острови, каде во моментов Ноне престојува.

Но, нејзиниот живот  колку и да изгледа  идилично, описот на некоја од нејзините фотографии кажува дека на „малечката сирена“ не е и баш се4 така фантастично. Далеку од дома, ама и далеку од нејзиното срце оној за кого толку долго чува место, а тој – некој, никако да се вгнезди. Токму затоа Ноне, намерно или случајно-несакајќи,  јавно ги сподели своите љубовни маки:

„Оваа мала госпоѓа сака врска, ама сака и да биде сингл. Сака да има врска која ќе заврши со брак, но завршува со мажи што се емотивно незрели. Обично е многу пребирлива, но секогаш успева да го избере погрешниот“ – напишала Ноне во пораката покрај фотографијата во која детално  образложи, зошто од толку мажи не може да најде ниту еден да се омажи?!

Коментарите на оваа нејзина теза пристигнаа во голем број, воглавно позитивни, а нејзините „љубовни маки“ кај некои следбеници дури и измамија воздишки,  па поединци се понудија и ѝ порачаа да избере некој од нив.

„Како да се сконцентрирам на морето, а баш е убаво“, „Избери ме мене, пак ќе згрешиш“, „Можеби вистинскиот е поблиску отколку што ти се чини“, „Те молам дај ми шанса“, „лесно ко два и два и ти би ме украла“… – стои во некои од коментарите од нејзинтие следбеници.

И покрај понудите, на Ноне очигледно во изборот баш и не и е „лесно ко два и два“…  само така навидум изгледа!

Фото: Инстаграм принтскрин/ nona.nedelkovska

To top