Радио Милева Згодна и жешка

Некогашната македонска манекенка одново се соблече: Цеце Георгиев се врати во младоста, ама сега како секси топлес мама (ФОТО)

Некогашната македонска манекенка одново се соблече: Цеце Георгиев се врати во младоста, ама сега како секси топлес мама (ФОТО)

Откако пред нешто повеќе од една година се породи и на свет ја донесе преубавата и преслатка ќеркичка која доби необично име – Кара Розмари, некогашната македонска манекенка и топ модел Цеце Орешкова, сега Георгиев покрај посветеноста на малечката принова, беше посветена и на себе си, за да го врати своето тело „во нормала“.

Вишокот килограми за време на бременоста се нормална појава, па расната убавица тргна во справување со нив.

Цеце „во младоста“ стана позната по разголените фотографии, како една од првите македонски манекенки и топ модели, која имаше храброст да се соблече…

А, беше и првата Македонка која на модната писта ги покажа разголените гради…

Откако се породи, речиси сите јавно споделени фотографии и беа од или со нејзината малечка принцеза или пак нејзините љубимци – коњите од коњичкиот клуб „Бравадос“.

Но, сега, кога се увери дека е задоволна од својот изглед кој одново потсетува на неа од најдобрите денови минати на модната писта или на фотосесиите пред фотообјективот, Цеце се врати со нови фотографии… како од она време!

Продолженото лето го искористи за да покаже дека повторно е онаа старата, па најпрвин во провокативна седечка поза во костим за капење на неидентификувана плажа…

…А потоа и топлес. Само овој пат како секси, жешка топлес мама… До душа, свртена со грб, само по црни танга гаќички и голо тело горниот дел од облеката в рака.

Очигледно некогашната манекенка одново блеска во полн сјај, во форма која полека ппотсетува од златната ера на нејзината кариера!

 

To top