Радио Милева неминлива убавина

Некогашната филмска икона речиси и на 70 години изгледа неодоливо секси: Орнела Мути сподели видео како се шминка само подолна облека (ВИДЕО)

Некогашната филмска икона  речиси и на 70 години изгледа неодоливо секси: Орнела Мути сподели видео како се шминка само подолна облека (ВИДЕО)

Славната италијанска актерка Орнела Мути, за неполни два месеци ќе го прослави својот 68 роденден и изгледа фантастично. Во светските медиуми постојано кружат фотографии од неа, а над 300.000 следбеници секојдневно ја следат на Инстаграм.

Франческа Романа Ривели, позната во светскиот џет-сет како Орнела Мути, ја започнала својата кариера како модел. Веднаш била забележана од филмските режисери, па набрзо добила и филмски улоги. Најпознати филмови во кои се појави се „Флеш Гордон“ „Il bisbetico domato“, „Оскар“, а на публиката од балканскиот регион најпозната им е по улогата во филмот „Девојката од Трст“.

Орнела е една од оние жени чија харизма „отвора врати“, не само поради убавината, туку и реткиот спој на талент и убавина. Целиот свој живот е физичка активна, не конзумира алкохол и нејзината исхрана е претежно свежо овошје и зеленчук во мали порции и се придржува на пост.

Неколку пати има јавно изјавено дека е голема противничка на естетската хирургија и не сака да се одрече од лицето и телото кое фановите и го познаваат.

Нејзиниот татко бил наполитански новинар кој се вљубил во мајка ѝ, германско-естонска вајарка, а се запознале и живееле во Санкт Петерзбург, Русија.

Видеото кое го постави ништо помалку згодната и атрактивна ќерка на актерката – Наике Ривели, на кое се гледа како Орнела се шминка облечена во долна облека и чизми на високи потпетици, собра илјадници лајкови и безброј ласкави коментари од обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naike Rivelli (@naikerivelli)

Фото: Инстаграм принтскрин/ornellamuti/naikerivelli

To top