Американската актерка Тања Робертс која се прослави во филмот “A View To Kill” сепак е жива.
Имено, како што пишуваа светските медиуми таа не починала откако била да ги прошета своите кучиња, туку по некое време само се онесвестила.
Веднаш била хоспитализирана, и иако се тврдеше дека лекарите не можеле да и помогнат, сепак најновите информации говорат дека тоа сепак не е така.
Тања Робертс е се’ уште жива, но во критична здравствена состојба и останува во болницата во Лос Анџелес.
Мајк Пингел, истакна дека дошло до недоразбирање во разговорот кој го имал со партнерот на актерката која на 24 декември е примена во болница.
Тања Робертс е позната по улогите во филмот за Џејмс Бонд „Поглед на убиство“ и последната сезона на „Чарлиевите ангелите“