Радио Милева Судбина

Некогаш жените го обожаваа Вал Килмер, а денес болеста го направи непрепознатлив (фото)

Некогаш жените го обожаваа Вал Килмер, а денес болеста го направи непрепознатлив (фото)

Холивудскиот актер Вал Килмер призна дека побарал од продуцентите на филмот „Top Gun: Maverick“ да ја повторат неговата улога користејќи вештачка интелигенција, откако во 2014 година му бил дијагностициран рак на грлото, поради што бил принуден да направи трахеотомија.

Денес, 62-годишниот Вал, кој стана познат во оригиналниот блокбастер од 1986 година како поручник Том Ајсмен Казански, рече дека луѓето се борат да го разберат додека зборува, но дека тој сè уште е истата личност како порано.

Да ве потсетиме, фаталната русокоса од „Top Gun“, Кели Мекгилис, денес е непрепознатлива, а продуцентите не ја разгледале можноста да ја вратат во филмот.

Килмер го толкуваше ликот на „Ајсмен“ во „Top Gun“, а наскоро во кината пристигнува новото продолжение со Том Круз во главната улога. Иако продуцентите не го контактирале, на Килмер не му пречело да моли…
„Том беше Маверик, но непријателот на Маверик беше Ајсмен. Тие двајца одеа заедно како бибер и сол. Не е важно што продуцентите не ме исконтактираа“.

Пред да дознае дека има канцер на грлото, актерот се разбудил во крв и имал тешкотии при голтањето. Потоа му била направена трахеотомија.

Вал бил на врвот од својата популарност во текот на 80-те години кога се дружел со Синди Крафорд и Анџелина Џоли. Како шлаг на тортата дошол филмот „Top Gun“ кој и тоа како го вивнал во ѕвездите.

Филмските продуценти потенцијално би можеле да ја користат алатката – опишана како „фотошоп за глас“, за гласовните препреки доколку имаат некоја филмска улога која би му одговарала на Вал.

Килмер, чија богата кариера траела речиси четири децении, глумел во филмовите „Willow“, „The Doors“. „Tombstone“, „Batman Forever“…

фото:Profimedia

To top