Радио Милева
генетско наследство

Некогаш даваше чесен Титов пионерски збор, а денес е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика: Можете ли да го препознаете, денес е ДЈ и 1/2 од познатото македонско ар-ен-би дуо? (ФОТО)

Некогаш даваше чесен Титов пионерски збор, а денес  е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика: Можете ли да го препознаете, денес е ДЈ и  1/2  од познатото македонско ар-ен-би дуо? (ФОТО)

Детството е велат, најубавиот дел од животот. Уште ако е  исполнето со семејна топлина, љубов и радост, безгрижно и среќно, е тогаш навистина нема ништо поубаво отколку да си среќно дете. А повеќето од нас тоа и биле, па со радост неретко си го враќаат филмот, патуваат по спомените и сеќавањата на годините кога зачекорувале во животот и светот на возрасните.

Тогаш како слатки мали момчиња или девојчиња, подоцна секој по својот пат, со својот к’смет, умеење и знаење, низ трње до ѕвездите, некои за жал и обратно… Оформувањето на личноста и карактерот доаѓа со воспитанието од дома, едукацијата на училиште, друштвото на улица, искуството… Ама затоа пак трансформацијата на ликот е природен процес чија метаморфоза зависи од годините, возраста, генетиката, животните околности во кои си растел, си се развивал, си живеел…

Некои и денес личат на себе или барем потсетуваат во ликот, па не е тешко да ги препознаете, некои баш и не, зашто физички тотално се промениле.

Ако се’ уште не успеавте да го препознаете  оваој мал „жолтоклунец“ – некогашен Титов пионер, да ве потсетиме дека денес изгледа прилично поразлично… Можеби не пораснал многу во височина, ама затоа пораснал до небо кога е неговата музичка кариера во прашање.

Затоа, ако некогаш даваше чесен Титов пионерски збор,  денес е музичка ѕвезда која дава се од себе на сцената за својата публика. Без оглед дали ќе се појави на истата таа сцена како клубски ДЈ или како 1/2 од познатото македонско ар-ен-би дуо!

Еднаш е ДЈ Шорти, друг пат Панчо, ама секако во документите за лична идентификација е Владимир Блажев, кого сите го знаат како од ар-ен-би дуото ДНК!

А кога сме веќе кај детството и генетиката… Можеби на сликава ќе пепознаете некој што многу личи на оној малиот „пионер“ од старата фотографија погоре, односно на овој во средина со сончевите очила?

Фото: Инстаграм/djshortypofficial

Останати вести од Радио Милева