Чеда Чворак и неговата група Луна променија многу постави. Но се чини дека онаа, кога беа дуо, а во „Луна“ покрај него вокалите ги пееше тогаш младата и непозната девојка од Лозница, Маја Марковиќ, беше најдобрата постава која му ги донесе најголемите хитови и популарност на дуото.
Маја Марковиќ откако си замина од „Луна“ се обиде да направи соло кариера која не траеше долго, зашто слично како и нашата Ноне, замина да работи на прекуокеански брод.
Оттогаш не се занимава со музика, не барем студиски, иако знае да запее со бендот на големите прекуокеански лендкрузери на кои работи!
Додека беше на естрадата, речиси секогаш беше пристојна и закопчана до грло. За чудо, сега кога работатат тоа не го бара од неа, маја го покажа сиот свој телесен раскош, убавина и сексапил.
Инстаграм гори од нејзините секси фотографии на кои таа позира во костими за капење, покажувајќи го своето извајано тело, затегнатото газе и останатите облини.
Токму со такви фотографии маја ги почести сите оние што ја познаваат за својот роденден.
Мора да признаеме дека Маја денес изгледа подобро од било кога. Можеби и е време да се врати на естрадата?