Многу познати имиња од светот на музиката, спортот и актерство беа дел од реалните шоуа. Порано, овие програми имаа поразличен концепт, а секоја пцовка дебело се наплаќаше.
Пред камерите не се случуваа интимни односи, насилство и навреди, но имаше учесници кои правеа проблеми само за да победат или да освојат што подобар пласман.
Многу поранешни учесници не се гледаат себе си во ваков вид на формат, а не прифаќаат ни за огромна сума на пари да влезат во реалното шоу.
Една од нив е и пејачката Катарина Живковиќ.
-Бев пред 11 години кога реалното шоу беше понормално, кога беше чест да се биде дел од таков формат и кога учесници беа познати имиња, но познати поради нивната работа. Немаше познати без причина и без професија. Да навредиш некој се плаќаше со дисквалификација“, истакна пејачката.
-Да не зборувам за тепачките, за интимните снимки, јавно изневерување, малолетниците кои наместо дома да ги пишуваат домашните задачи, тие сексуално зборуваат пред нивните мајка и татко со цел за голема популарност“, додава пејачката.
Милан Топалковиќ Топалко кој победи во втората сезона на „Фарма“ вели дека тој формат бил поучен бидејќи се прикажувал животот на село без струја и вода.
-Моето реално шоу беше потполно друг формат. Некои луѓе не беа запознаени со животот кој некогаш се живееше, без луксуз. Беше едукативен формат и ми е драго што бев дел од него“ вели тој и додава:
Злата Петровиќ исто така има слично мислење како и нејзиниот колега Топалко.
-Ма какво реално шоу. Се случи и помина. Јас имам убаво искуство, бев испочитувана од страна на продукцијата, но таму повеќе не се враќам. Ова што денес се емитува не е за мене, таму се деца, Имам многу обврски, не седим дома“, вели пејачката.
фото: ата имагес/никола томиќ/инстаграм/милан топаловиќ топалко/злата петровиќ