Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“, големиот христијански празни Велигден го поминаа во селото од каде потекнуваат по нивниот татко – Жван, Демир Хисар.
Наместо четиридневниот карантин во нивниот стан во Скопје, тие се решиле да уживаат во руралноста, рустиката, животните, природата…
Дојде време кога градскиот живот е далеку помалку посакуван од оној на село, а браќата близнаци бидејќи имаат каде, им се вратија на корените.
Пред своите следбеници и пријатели на социјалните мрежи, покжаа како се ужива.
Тие објавија неколку прекрасни фотографии за кои добија стотици лајкови.
„Некаде во рајот“, напиша Стфеан седнат во природа.
Мартин пак, најмногу уживаше и се фотографираше во друштво на животните.